Димитриевски: Кај Македонецот уцена и притисок не поминува

„Видете кај Македонецот уцена и притисок не поминува. Ние сме тврда
глава од народ. Значи ние сме ко пир. Штом ќе се појави негде никнува  и
после сто години. И било каков притисок не може да постигне одреден
резултат. Се мора да се случува на ниво на реципроцитет“, рече Максим
Димитриевски, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во
гостувањето на Сител подкаст.

Тој додаде дека ние сме и со  Бугарите исо Србите, како најблиски народи до нас на Балканот и додаде:

„Нит мора да бидеме србомани, нит мора да бидеме бугарофили. Значи треба да си бидеме Македонци, да си се држиме до своето. Едноставно да им
објасниме и на едните и на другите дека – да, како што велат тие, ние
сме браќа, но тие не се нашиот татко. Ниту пак ние сакаме да им бидеме
татко на нив“.

Димитреивски, одговарајќи на прашањето дали доколку е во можност би го
вратил воениот рок  рече дека во најмала рака е потребно секој да помине
предвојничка обука. Тој  објасни дека е тоа потребно за да може да
научат младите што е дисциплина, што е ред и да видат како за еден
минимален период од три месеци ќе се  трансформираат себе си, а и својот
личен карактер во нешто многу подобро.

„Не случајно во минатото старите луѓе рекле – тој што не бил во војска
не е маж.  Зборувам за мажите. Дури на доброволна основа барем до еден
месец тоа би требало да можат да го сторат и жените, бидејќи ние сме
еднакви. Да се научат одредени вештини за преживување, дополнително за
ракување  со огнено оружје. Ние живееме на едно трусно подрачје, коешто
се вика Балкан и мислам дека народот треба да биде подготвен во секој
момент  прво да се самозаштити, а дополнително и да си ја заштити
државата и да ја одбрани од сите предизвици и закани коишто следуваат.
Многу пати велиме ние сме под чадорот на НАТО, имаме колективна
безбедност. Но, многу често заканата не доаѓа само од надвор, туку многу
почесто од внатре“.

Зборувајќи за ангажманот во политиката  Димитреивски рече дека не се
гледал себе си како некој што би сакал да е  на функција.

„Сакав да бидам активист и да креирам политика. Да бидам дел од
политбирото. Да се борам за идеите и заложбите основни на партијата.
Бидејќи мене ми е битно.

Јас  сум патриот. Припаѓам на такво семејство, си ја сакам државата и
верувам дека една политичка партија за да постои треба да почива на
идеологија на неклукративност и клиентелизам“, рече Димитриевски за
Сител подкаст.

- Реклама -