Интересни факти за Оскарот

oskarКога веќе Оскарите се зад нас, еве неколку интересни факти за нив. Првата афроамериканка која добила Оскар, од каде доаѓа името Оскар, колку тежи самата статуетка… се на едно место.

Кога веќе Оскарите се зад нас, еве неколку интересни факти за нив. Првата афро-американка која добила Оскар, од каде доаѓа името Оскар, колку тежи самата статуетка… се на едно место.

„The Hurt Locker“ е филм со најмала заработувачка кој освоил Оскар за најдобар филм
a96998_a615_16-worst-earning
Добитникот за најдобар филм на овие 82 Оскари, „The Hurt Locker“ сруши неколку рекорди во филмската индустрија. Тој освои 6 Оскари од вкупно 9 номинации, што е навистина добро, посебно бидејќи тоа е филм со најмала заработувачка кој некогаш освоил Оскар. Се зборува дека заработил само 21 милион долари, а тоа е помалку од 2% од заработувачката на „Avatar“… само на домашниот пазар. Претходниот рекодер за ова беше „Annie Hall“ на Вуди Ален, кој во 1977 освои 38 милион долари.

Сандра Булок е првата актерка која освоила награда и за најлоша и за најдобра актерка…истата недела
a96998_a615_12-bullock
Колку актерки можат да освојат Оскар и Златна Малина во еден викенд? Па, Сандра Булок, на пример. Освои Златна Малина за најлоша глума за филмот „All About Steve“ и Оскар за најдобра глума за филмот „The Blind Side“. Таа присуствуваше на двете церемонии.

„Црвениот килим“ пред Кодак театарот е долг 152.4 метри
a96998_a615_9-red-carpet
Килимот пред Кодак театарот, наречен „Црвениот килим“ е место каде што многуминна би сакале да бидат. Тој е долг околу 152 метри и широк околу 11 метри. На овие 152 метри можете да најдете речиси 300 претставници на печатот, камермани, аудио техничари…и најголемите филмски ѕвезди.

Kevin O’Connell е најнесреќниот човек кој бил номиниран за Оскар
a96998_a615_3-unluckiest
Филмовите „The Turning Point“ и „The Color Purple“ го држат рекордот за најмногу номинации – 11, а ниту една победа. Но, најголемиот „губитник“ на сите времиња е Kevin O’Connell, миксер на звук, кој го држи рекордот за најмногу номинации досега – вкупно 20, а ниту една победа.

Се до 2010 ниедна жена не добила Оскар за најдобра режија
a96998_a615_15-woman-director
Kathryn Bigelow  е првата жена која освоила Оскар за најдобра режија. Таа доби Оскар за филмот „The Hurt Locker“ и е прва жена добитник, а само 4 други жени досега биле номинирани. Таа го победи нејзиниот бивш сопруг, Џејмс Камерон – а тоа е првпат двајца бивши сопружници да бидат во трка за иста награда.

Marlon Brando и Robert De Niro се единствените актери кои освоиле Оскар за ист лик
a96998_a615_8-god-father
Marlon Brando и De Niro имаат освоено Оскар, за најдобра главна и најдобра споредна главна улога, толкувајќи ист лик: Vito Corleone во “The Godfather”(1972) и “The Godfather” вториот дел (1974).

Прочитајте и:  Цветиновата награда за мир доделена на СОС Детско село

Hattie McDaniel, првата афроамериканка која освоила Оскар,
морала да седи во посебен дел од публиката
a96998_a615_4-black-winner
Hattie McDaniel освои Оскар за најдобра женска споредна улога за филмот „Gone With the Wind“, станувајќи првата афроамериканка која освоила Оскар. Кога таа освоила Оскар, морала да изоди доста долг пат до бината, бидејќи седела во посебен дел во публиката.

Marlon Brando прати Индијанка да го одбие неговиот Оскар

a96998_a615_11-marlon-brando
Marlon Brando е познат по неговата љубов кон Индијанците. Тоа се виде и кога тој доби Оскар за неговата улога во „The Godfather“. Наместо да оди тој самиот, Sacheen Littlefeather беше неговиот претставник на церемонијата. Таа се појави во Апачи облека и изјави дека „поради лошиот третман на Индијанците во филмската индустрија, господинот Брандо нема да ја прими оваа награда“. Подоцна се дозна дека Sacheen Littlefeather е всушност Maria Cruz, актерка од мексиканско потекло.

Името е родено кога секретарката на Академијата рекла дека личи на нејзиниот чичко Оскар
a96998_a615_13-naming
Margaret Herrick, која работела како секретарка во Академијата, рекла дека статуетката ја потсетува на нејзиниот чичко Оскар – и оттаму името е родено. Порано наградата ја викале „статуетката на Мерит“, „златниот трофеј“ и „железниот човек“. Но, потеклото на името Оскар е дискутабилно – некои велат дека Bette Davis ја именувала познатата статуетка.

За време на Втората Светска Војна, статуетката била направена од гипс
a96998_a615_14-plaster
Бидејќи металот бил редок за време на војната, од 1942 до крајот на Втората Светска Војна Оскарот бил направен од гипс. После војната, добитниците добиле „вистински“ оскари.

Oscar Hammerstein II е единствениот добитник на Оскар кој се викал Оскар
a96998_a615_7-oscar-named
Hammerstein освоил 2 оскара – за најдобра оригинална песна во 1941 за „The Last Time I Saw Paris“ и во 1945 за „It Might as Well Be Spring“, станувајќи првиот Оскар кој освоил Оскар.

Церемонијата била одложена 3 пати
a96998_a615_2-postponed
Првпат била одложена во 1938, поради поплавата во Лос Анџелес, потоа во 1968, после атентатот на Martin Luther King Jr. и потоа во 1981, после обидот за убиство на претседателот Ronald Reagan.

Shirley Temple е најмладата личност која добила Оскар
c7195
Таа доби Оскар на само 6 години. Инаку, и Anna Paquin и Tatum Oneil биле најмлади: 11 и 10 години.

Оскарот е висок 33,5cm.; тежок 3.6 kg.
c7207

Дизајн: витез како држи крстоносен меч, стоејќи на лента филм со пет кругови. Петте кругови ги симболизираат петте оригинални гранки на Академијата: актерите, режисерите, продуцентите, техничарите и сценаристите.
Дизајнeрот: Cedric Gibbons, директор во Metro-Goldwyn-Mayer
Скулптор: George Stanley
Производител: R. S. Owens & Company од Чикаго
Време на производство: 3 до 4 недели за 50 статуетки

- Реклама -