Гутереш предупреди на „чекор наназад“ за правата на жените

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди денеска на „чекор наназад“ за правата на жените, како во развиените, така и во земјите во развој.

„Во светот постои опасност од реакција за правата на жените, а во некои случаи и пресврт на напредокот постигнат и во земјите во развој и во развиените земји“, предупреди Гутереш по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.

Според него, доколку се продолжи со ова темпо, светот е „300 години подалеку од целосната еднаквост на жените“.

Гутереш ги осуди талибанците во Авганистан „каде жените и девојките се отсечени од поголемиот дел од образовниот систем, пазарот на трудот надвор од нивните домови и поголемиот дел од јавниот простор“.

Шефот на ОН, исто така, го осуди влијанието на вооружените конфликти и војни врз жените, наведувајќи ги „сведочењата за силување и трговија (со жени) во Судан, сексуално насилство и акти на тортура за време на терористичките напади од Хамас во Израел и извештаите за сексуално насилство врз палестинските затвореници “.

„И до 2030 година, повеќе од 340 милиони жени и девојчиња ќе живеат во екстремна сиромаштија, 18 милиони повеќе од мажите и момчињата“, додаде Гутереш.

- Реклама -