Тоа што во минатото не постоле вилушкари, дигалки и друга механизација за да им помогне на луѓето во градењето, Големата пирамида во Гиза со неверојатни 139 метри – отсекогаш било мистерија како древните Египќани успеале во градењето на пирамидите.
Сепак, тим од физичари од Универзитетот во Амстердам мислат дека можеби ја откриле техниката која била користена во тоа време.
Предводен од д-р Даниел Бон, на тимот научници од најголема помош му биле цртежите по ѕидовите во гробниците а најмногу се фокусирале на ѕидно сликарство во гробницата на Џехутихотеп – „Големиот поглавар на Номето на зајаците“ – на што прикажана е одредена техника на градење.
Сликата – која датира околу 1900 година п.н.е. – прикажува 172 мажи како ја движат статуата со јажиња прикачени на санка. А пред санката се гледа како се прелива вода врз песокот.
Така, физичарите решиле самите да го пробаат овој процес, секако во помал обем.
Тимот откри дека ако песокот е сув, може да дојде до развој на грутки што ги отежнуваат предметите што се движат, но ако додадете точно количество вода, течноста ги спречува грутките и го прави песокот помазен.
Пред ова откритие, се сметаше дека истурањето на водата на сликата е чисто церемонијален чин, наместо клучен дел од процесот на градење.
„Бев многу изненаден од количината со која силата на влечење може да се намали – за дури 50 проценти – што значи дека на Египќаните им требало само половина од мажите да го надминат влажниот песок во споредба со сувиот“, изјави д-р Бон за Вашингтон пост во уште едно интервју.
Од универзитетот истакнаа: „Во присуство на точно количество вода, влажниот пустински песок е околу двапати поцврст од сувиот песок.
„Санката се лизга многу полесно над цврстиот пустински песок едноставно затоа што песокот не се натрупува пред санката како што се случува во случајот со сув песок“.
Според овие наоди и објаснувањето на тимот физичари најверојатно ќе се намалат многубројните шпекулации за тоа како се направени пирамидите кои во еден момент достигнаа и до тоа да се тврди дека пирамидите се дело на вонземјани.