Тајната за успешен филм се крие во математичка формула

MovieTheaterSmllrДали некогаш сте се запрашале зошто некој филм ви бил интересен и заради што точно не сте можеле да го симнете погледот од екранот? Според зборовите на научниците, тајната на успешните филмови не се крие во главните актери, приказната или срцепарателните сцени, туку во тоа што модерните блокбастери ја следат математичката формула со која со сигурност ќе се здобијат со вашето внимание.

ewan_mcgregor3Дали некогаш сте се запрашале зошто некој филм ви бил интересен и заради што точно не сте можеле да го симнете погледот од екранот? Според зборовите на научниците, тајната на успешните филмови не се крие во главните актери, приказната или срцепарателните сцени, туку во тоа што модерните блокбастери ја следат математичката формула со која со сигурност ќе се здобијат со вашето внимание.

Имено, според научниците од Универзитетот Корнел тајнaта на успехот на современите блокбастери лежи во должината на секвенците кои се повторуваат според однапред одредена правилна шема. Научниците проучуваа 150 најуспешни холивудски комедии, драми и акциони филмови од периодот помеѓу 1935 и 2005 година и открија дека во нив сцените односно секвенците следат одредена шема и се појавуваат во правилен редослед во текот на целиот филм. Тоа сознание само ја потврди претходната студија која беше спроведена во 1990 година и која покажа дека со сецкање на информациите во правилна, повторувачка шема најлесно може да се привлече и задржи вниманието на примачот на тие информации. Или во превод – заради тие повторувачи шеми не можеме да го симнеме погледот од екранот.

Должината на сцената не толку важна, побитно е секоја секвенца да биде со помалку-повеќе индентично времетраење. Со оглед на тоа дека оваа техника ретко се појавува во филмовите пред 1990, малку е веројатно дека режисерите намерно ја експлоатираат оваа формула. Изгледа дека само ја копираат структурата и стилот на филмовите кои биле успешни, ни сами не знаејќи во што се состои вистинската тајна на нивниот успех. (Ама затоа тука се научниците да им укажат на тоа, нели?)

Како пример се наведуваат двете продолженија на Војна на ѕвездите – Одмаздата на Сит од 2005 и Империјата го возвраќа ударот од 1980. Овие два филма совршено ја следат таа шема. Потоа, се споменуваат и филмовите Совршена бура, Убава жена и Бунтовник без причина. Интересно е што noir филмовите и оние со изразито уметничка природа многу ретко имаат правилна шема на секвенците. [The secret of a film’s success is all down to mathematics, claim scientists]

- Реклама -