Кристерсон по зеленото светло од Унгарија за членство во НАТО: Шведска зад себе остава 200 години воена неутралност

Шведска остава зад себе 200 години воена неутралност, изјави премиерот на земјата Улф Кристерсон, откако претходно денеска унгарскиот парламент го ратификуваше барањето на официјален Стокхолм за членство во НАТО.

– Шведска остава зад себе 200 години воена воена неутралност и неврзаност. Тоа е голем чекор и нешто што треба сериозно да се сфати, рече Кристерсон на попладневната прес-конференција, јави шведскиот јавен сервис СВТ.

Тој оцени дека Шведска, со претстојното членство во НАТО, „се враќа дома“ во сојузот на демократии.

Ова беше добар ден за Шведска и шведската безбедност, истакна Кристерсон.

– Ова е секако историски ден на кој сме сведоци, додаде тој.

Кристерсон посочи дека остануваат уште неколку чекори пред Шведска формално да стане членка на НАТО и дека во моментов не може да даде никакви информации за тоа кога точно ќе се случи тоа.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

Новинарите го прашаа и каква реакција очекува од Русија.

– Што се однесува до Русија, единственото нешто за кое знаеме дека можеме да очекуваме е дека не им се допаѓа Шведска да стане членка на НАТО. Што друго ќе направат, не можеме да знаеме. Подготвени сме за секакви работи, изјави премиерот на Шведска.

- Реклама -