Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на  Урсула Хорнер (Австрија), сценографе Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, во улогата наРозина, Биљана Јосифов, во улогата на  Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини  Вергилиј, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовски, чембало: Елена Сиљаноска  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

- Реклама -