Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.
Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си.
На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.
Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.