PMG Jazz Klub продолжува со својата серија концерти во „Лабораториум ”. Овој петок, 23 февруари, од 21 часот, ќе може да се ужива во музиката и да се биде дел од амбиентот кои ги создаваат „Летечки пекинезери, еден од водечките современи македонски џез бендови.
Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, „Летечки пекинезери” е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани.
Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот.