КЦ Бруталиск ја одбележува втората годишнина од руската инвазија врз Украина со серија бесплатни кино проекции на овогодинешниот двократен кандидат за Оскар „20 дена во Мариупол“. Документарниот филм ќе биде прикажуван во пет наврати во периодот од 20 до 26 февруари, а на 23.02.2024 по проекцијата ќе се одржи разговор за филмот и состојбите на фронтот со новинарот и воен аналитичар Сеад Ризвановиќ.
Украинскиот двоен кандидат за овогодишните оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. „20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од Associated Press затекнати во опсадата на најнастраданиот и речиси уништен град на истокот на Украина и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот. Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.
Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на Associated Press и Frontline. Чернов веќе десет години работи за Associated Press покривајќи конфликти, општествени прашања и еколошки кризи во Европа, Азија и на Блискиот Исток. „20 дена во Мариупол“, покрај двојната номинација за Оскар, е наградуван на десетици фестивали за документарни филмови, а на минатогодишниот Санденс ја доби наградата од публиката за најдобар документарен филм.
Распоред на проекции:
21.02 – среда 20ч.
22.02 – четврток 19ч.,
разговор со Сеад Ризвановиќ, новинар и воен аналитичар – 20:30ч.
23.02 – петок, 19ч.
25.02 – недела, 20ч.
26.02 – понеделник 20ч.
Настаните се одржуваат во соработка со здружението на Украинци „Лесја Украинка“ од Скопје. Бруталиск се наоѓа на бул. Илинден 38 во Дебар Маало, Скопје.