„Кобалт Синергија“ изложба во МКЦ

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари (петок) во 20:00 часот ќе биде
отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“.
На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе
има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон
Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на
третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За
концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за
култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и
како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за
животот кој не опстојува во праволиниско течение.“

Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за
интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за
култура и уметност на Радио Скопје.

Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, академија за ликовни уметности завршил во
Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, ученик во 4та година во државното уметничко
училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедиа.

Изложбата ќе може да се погледне до 3 март.

- Реклама -