„Интимност и интерконекција“: ДЛУМ го отвора традиционалниот „Зимски салон“

„Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ која Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе ја отвори во четврток (22 февруари) во 20 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Ова е една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор. Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина чиј концепт претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со темата во различни ликовни медиуми.

– Селективноста на изложбата од куратор со значајно интернационално реноме овозможува во просториите на националната галерија „Чифте Амам“ да бидат изложени дела со висок квалитет.

Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз – велат од ДЛУМ.

- Реклама -