5 најтешки прашања за мажите

Повеќе... Иако жените тврдат дека тие всушност се едноставни суштества, како што им е добро познато на мажите, тоа е далеку од вистината. Ви пренесуваме неколку прашања со кои се соочил секој маж и, нормално, не знаел што да одговори.


geoff_blog_0612-769065.jpgИако жените тврдат дека тие всушност се едноставни суштества, како што му е добро познато на секој од мажите, тоа е далеку од вистината. Ви пренесуваме
неколку прашања со кои се соочил секој маж и, нормално, не знаел што да
одговори.

1. За што размислуваш?

2. Дали ме сакаш?

3. Дали изгледам дебело?

4. Дали мислиш дека таа е поубава од мене?

5. Што би направил ако умрам?

Еве во што е проблемот: доколку мажот одговори неточно, секое од овие прашања се заканува да стане „дебела“ причина за препирка и за понатамошни кавги. James S. Huggins на својата веб – страница се даде на анализа на секое од овие мачни прашања и понуди вистински одговори.


1. За што размислуваш?

Она што би сакале жените да го слушнат е:
„Жал ми е што сум замислен, драга. Само размислував за тоа колку си прекрасна, внимателна, преубава и интелегентна и за тоа колку сум среќен што те имам.“, додека вистинскиот одговор веројатно е следниот: „За фудбалот. За тоа дека си здебелена. За тоа дека XY е поубава од тебе.“ или нешто слично.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”


2. Дали ме сакаш?

Правилниот одговор е: „ДА!“ Доколку сакате да бидете поубедливи, може и „СЕ РАЗБИРА, МИЛА!“

Неправилни одговори се:
„Да бе… остај ме сега да гледам телевизија.“
„Ако кажам дали ќе престанеш да ме малтретираш?“
„Зависи што сфаќаш под тој поим.“


3. Дали изгледам дебело?

Направете си услуга и зачудено одговорете „Секако не!“

Никако не дозволувајте да ви се испушти:
„Во споредба со што?“
„Не би рекол дека си дебела, но не си баш ни витка.“
„Не, одлично ти стојат овие екстра пет килограми.“


4. Дали мислиш дека таа е поубава од мене?

Навистина, МОРАМЕ ли да ви го кажеме одговорот на ова прашање. Никој никогаш не бил ниту ќе биде поубав од вашата сегашна девојка.

„Ти имаш подобра личност“, „Не е поубава, само послаба“ и слични варијанти ќе предизвикаат да спиете на кауч до крајот на животот.


5. Што би направил ако умрам?

Ок… во ова не можате да победите. Не постои правилен одговор. Што и да кажете, ќе биде погрешно. Дури и ако мислите дека ја знаете вистинската реплика, сопрете се. Зошто имате совршена реплика? Сте размислувале за времето кога таа нема да биде жива?? А со кого ќе бидете наместо со неа? Можеби онаа сосетката од трети која опасно ве загледува? …. Едноставно откажете се.

- Реклама -