Лајен најверојатно ќе се кандидира за втор мандат

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се очекува в понеделник да ја објави својата кандидатура за втор мандат, изјави пратеникот во Европскиот парламент, Даниел Каспари.

– Очекувам дека Урсула фон дер Лајен ќе изјави дека е подготвена повторно да се кандидира за функцијата претседател на ЕК на состанокот во Берлин на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), изјави денеска пратеникот Каспари.

Тој додаде дека „тоа би бил добар знак за Европа“.

Фон дер Лејен (65) сè уште не се има изјаснето дали планира да се кандидира за втор мандат, наведуваат германски медиуми при тоа потенцирајќи оти ако се кандидира, се очекува таа да добие поддршката од повеќето земји-членки на ЕУ.

Поранешната германска министерка за одбрана откако стана претседателка на ЕК во 2019 година се соочи со низа предизвици, вклучително и Брегзит, пандемијата Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

- Реклама -