ЈСП за инцидентот во автобусот на линијата „57“: Партиите да ја смират реториката и да не ги потпалуваат тензиите меѓу граѓаните

„Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.

Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ“, соопштија од ЈСП.

Истовремено, тие апелираат и до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите. Апелираат и МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

„За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото“, додаваат од ЈСП.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

На социјалните мрежи претходно беше објавено видео од инцидентот во кој, се чини, повеќе лица удираат еден од патниците. Според описот на објавата, инцидентот се случил во преполн автобус на 57-ца во скопската населба Радишани, а се сугерира и дека ваквите напади зачестиле поради предизборието и дека истите се на етничка основа. Нападнатите, се тврди, обично се Македонци, а се користат и ножеви.

- Реклама -