Повторно раст на цените на нафтата поради ситуацијата на Блискиот Исток

На светските берзи минатата недела цената на нафтата порасна за повеќе од шест отсто, бидејќи ситуацијата на Блискиот Исток не се смирува.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 6,35 отсто на 82,19 американски долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 6,3 отсто на 76,84 долари. Така, цените надоместија голем дел од загубите од претходната недела, кога паднаа за повеќе од седум отсто.

Растот на цените е последица на влошувањето на шансите за прекин на конфликтот во окупираниот палестински Појас Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот на палестинскиот Хамас за прекин на огнот. Во петокот израелските сили продолжија со воздушните напади врз Газа.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, најавија намалување на производството во првиот квартал од оваа година со цел да ги поддржат цените.

Поддршка за цените дадоа и надежите на трговците за забрзување на растот на кинеската економија, најголемиот светски увозник на нафта, по новите стимулативни монетарни и други мерки.

- Реклама -