Едно ЛГБТ здружение од Америка организира серија протести по повод премиерата на новиот филм на Џејмс Камерон, „Аватар“. Протестите предвидуваат стоење пред кино салите со транспаренти, купување повеќе билети и неодење на проекциите и некои други чудни мерки. Прочитајте повеќе за причините за овој чуден протест.
Едно ЛГБТ здружение од Америка организира серија протести по повод премиерата на новиот филм на Џејмс Камерон, „Аватар“. Протестите предвидуваат стоење пред кино салите со транспаренти, купување повеќе билети и неодење на проекциите и некои други чудни мерки. Прочитајте повеќе за причините за овој чуден протест.
Денот на премиерата на „Аватар“, 18 декември 2009, прогласен е за интернационален ден за протест против „Аватар“. Организаторите на протестите имаат забелешки зошто во непознатата култура на планетата Пандора, помеѓу џиновските сини хуманоиди нема ликови со поинкава сексуална ориентација од хетеросексуалната. Тие тврдат дека Камерон тенденциозно настапил при креирањето на приказната, игнорирајќи го „природниот пат на еволуцијата кој се движел во насокат на трансексуалност“.
Предвидените мерки за протест вклучуваат:
– Стоење пред кината со транспаренти и флаери со кои ќе се укаже на хетеросексуалната ароганција;
– Седење во просторот пред кино салите и непоместување освен во ситуации кога полицијата ќе употреби сила;
– Исправување во киното за време на филмот и стоење во текот на целото прикажување;
– Купување повеќе билети и неодење на прикажувањето, затоа што празните кино сали испраќаат порака;
– Одење со партнер на прикажувањето на филмот и јавно покажување на чувствата.
Некои луѓе тврдат дека ваквиот протест претставува сексуална дискриминација во спротивна насока (тврдењето дека иднината ќе биде ексклузивно транссексуална); други дека можеби се работи за медиумски трик организиран од студиото, за да се натераат луѓето кои не гледаат научна фантастика, да отидат на некоја од проекциите на овој филм за чие снимање се потрошени повеќе стотици милиони долари. Но, без разлика на вистинските причини, останува впечатокот дека овој протест остава лош впечаток за ЛГБТ заедницата. Борбата за еднаквост никогаш не треба да оди предалеку.