„Операта на шумските животни” ја донесе најмладата публика на сцената на Националната опера и бaлет

Детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ ја донесе најмладата публика на големата сцена на Националната опера и балет и уште еднаш покажа дека класичната музика е достапна и може да се прифати од најмалите ако им се претстави на нај соодветен начин.  Оваа педест и втора изведба на детската опера има и хуманитаерн карактер и сите собрани средства од продадените билети се наменети за лекување на младиот Леонид Индов, на кој по тешките повреди и операција му претстои долготрајно и скапо лекување.

Десанка Глигоријевиќ, сценарист, режисер, костимограф и сценограф на претставата.

– Оваа е претстава тематски и наменски е напишана за едукација на децата за тоа што всушност е операта како форма и како се создава едно оперско дело. Вчера се изведе педесет и втората претстава и таа беше од хуманитарен карактер, што особено  ми е драго. Инаку во претставата се застапени сите форми, сите делови што ги содржи операта. Сакаме да ги едуцираме децата од најмали нозе и да иницираме младата публика да ја посетува операта и да видат дека е забавно. Да вродиме љубов за што поголем интерес за оперската уметност. За време на целата оваа престава се користат познати арии од железниот репертоар на оперската уметност, но сите се адаптирани со текст во контекст на самото сценарио и самата драматизација што ќе биде во операта.  Сакаме да покажеме дека класичната музика е достапна. Таа е прифатлива и може да се прифати од најмалите со тоа што ќе им се престави на најсоодветен начин, вели Десанка Глигоријевиќ, сценарист, режисер, костимограф и сценограф на претставата.

Покрај Десанка Глигоријевиќ, во преставата учествуваат  Билјана Камчева, Марика Поповиќ, Јане Дунимаглоски и Невен Силјановски.

Јане Дунимаглоски, тенор

-Да се игра пред деца не е така лесно затоа што ако не си доволно искрен, тоа децата ќе го приметат. Да се настапува пред деца е многу потешко отоколку пред возрасна публика, вели  Јане Дунимаглоски, тенорот кој во претствата го игра  Зајко.

Тој најавува една многу интересна престава во која животните од шумата прават оперска престава. Зајакот, мечката, лисицата и бувот се еден необичен спој на животни кои заедно  соработуваат со цел да направат оперска претстава.

Билјана Камчева Божиновска, сопран

Билјана Камчева Божиновска, сопранот на НОБ која во претстават ја игра Лиска вели дека децата одлично ја прифаќаат операта и сите нејзини ликови кои низ хуморитичното сценарио и игра успеваат да го задржат нивното внимание цел час. 

-На моја огромна радост децата многу ја прифатија улогата на Лиска која има една специфична улога не само да биде итрица туку и да ги доближи сите учесници, сите членови во шумата. Главна тематика на претствата  е другарството, како најважна работа во светот. Кума Лиса има една интересна енергија каде што всушност е едно големо дете и со таква емоција пристапува. Таа е сценаристот во Операта за шумските животни и го пишува либретото, тематиката и приказната во операта. Па и на некој начин ги обединува сите животни, вели Камчева Божиновска.

- Реклама -