“Операта на шумските животни” утре на сцената на Националната опера и бaлет

Детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ утре во 12 часот ќе се изведе на големата сцена на Националната опера и балет. Претставата е наменета за најмладата публика од 6 до11 години. Сите собрани средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов, на кој по тешките повреди и операција му претстои долготрајно и скапо лекување.

– Оваа е претстава тематски и наменски е напишана за операта, за едукација на децата за тоа што е всушност е операта како форма и како се создава едно оперско дело. Во сабота ќе се изведе педесет и втората претстава и таа ќе биде од хуманитарен карактер, што особено  ми е драго. Инаку во претставата се застапени сите форми, сите делови што ги содржи операта. Сакаме да ги едуцираме децата од најмали нозе и да иницираме младата публика да ја посетува операта и да видат дека е забавно. Да вродиме љубов за што поголем интерес за оперската уметност. За време на целата оваа престава се користат познати арии од железниот репертоар на оперската уметност, но сите се адаптирани со текст во контекст на самото сценарио и самата драматизација што ќе биде во операта.  Сакаме да покажеме дека класичната музика е достапна. Таа е прифатлива и може да се прифати од најмалите со тоа што ќе им се престави на најсоодветен начин, вели Десанка Глигоријевиќ, сценарист, режисер, костимограф и сценограф на претставата.

Покрај Десанка Глигоријевиќ, во преставата учествуваат  Билјана Камчева, Марика Поповиќ, Јане Дунимаглоски и Невен Силјановски.

- Реклама -