Попова од „Силата ЕУ младите“: Со проектот сакаме да откриеме што можеме ние како млади да направиме за да ни е подобро

Денес започнува иницијативата „Силата ЕУ младите“ која ја спроведува издавачката куќа ПМГ, лицето за односи со јавност на иницијативата Лаика Попова во утринската програма на Слободен печат рече дека целта на оваа иницијатива е да се даде простор на младите да творат и да се мотивираат да останат во земјава.

Проектот ќе има низа на настапи на млади артисти и изведувачи во Лабораториум, а програмата започнува вечерва со настап на средношколскиот рок бенд Црно Собрание.

Освен музичка програма, Попова најави дека иницијативата ќе снима и дискусии и поткасти со цел да се открие што сметаат младите и како може да го подобрат општеството.

„Поткастите ќе се дискусии каде ќе зборуваат младите, за нивните идеи, ставови, мислења. Ќе ги прашуваме што ги инспирира, што им се допаѓа или не им се допаѓа во земјата, што би можело да се подобри и што ние како млади можеме да направиме за да ни биде подобро овде“ рече Попова.

Таа објасни дека името на иницијативата „Силата ЕУ младите“ е инспирирано од графит во Скопје и песна на Слаткар, која ја носи истата порака.

- Реклама -