„Внимание, внимание!“ Дали МКЦ е сè уште дом на младите и како да се подобри?

Во најновата анкета на „Внимание, внимание“ младите зборуваат кога последен пат биле на настан во МКЦ. Младите се прашуваат дали поранешниот „Дом на млади – 25 Мај“ е сè уште дом на младите, има ли доволно културни настани интересни за младите?

Откако Град Скопје назначи нов директор на МКЦ – дали младите очекуват промени на подобро? Кога младите би биле директори на МКЦ што прво би направиле? На крајот, младите одговараат и кого би поставиле за директор на МКЦ.

Младите даваат разновидни и инспиративни одговори како да се подобри МКЦ, бараат повеќе и подобри настани, да има повеќе млади бендови, повеќе нови уметници и Центарот подобро да комуницира со публиката. За смената на директорите не се најинформирани, но оние информираните не разбираат зошто се менуваа директори кои добро си ја работеле работата.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

- Реклама -