Музички фестивали оваа година кои не смеете да ги пропуштите

Иако мислите дека секој зборува за фестивалот Coachella 2024, има и други новости за љубителите на фестивали, а главната од нив е дека Европа ќе биде многу подобра опција оваа година кога станува збор за забава.

Не мора да патувате низ светот за да ги видите најдобрите музички перформанси. Ова се европските музички фестивали што не сакате да ги пропуштите оваа година. Програмата Coachella навистина е примамлива, со Doja Cat, Lana Del Rey, Blur и враќањето на No Doubt, но голем дел од овие имиња ќе се најдат и на агендите на претстојните европски музички фестивали.

Шпанија – Primavera Sound Barcelona
(29 мај – 2 јуни 2024 г.)

Агенда која вклучува големи ѕвезди од светот на музиката, прекрасно место, отворено покрај плажа –  навистина вреди да се патува во сончевата Барселона за овој фестивал.

Програмата е импресивна! Лана Дел Реј  која штотуку ја заврши својата шеста насловна турнеја како и СЗА што го  носи  на сцена големиот успех на вториот албум „SOS“. На лисистата се наоѓа и The National  кои ќе ја започнат својата европска турнеја со два нови албуми.

Подгответе се за танцување на подиумот и со хитовите од Charli XCX, Troye Sivan и Kim Petras, кои ќе ја промовираат музиката од нивните последни албуми.

Холандија – Best Kept Secret
(7-9 јуни 2024)

Скриени во Safaripark Beekse Bergen, во селото Хилваренбек, на југот на Холандија, камповите на Best Kept Secret се среде шума, што го прави овој настан многу попривлечен во споредба со многу други фестивали. Но тоа не значи дека на програмата на овој фестивал недостасуваат големите имиња. Без разлика дали се работи за Pixies, Radiohead, Run The Jewels, Kraftwerk, Nick Cave and the Bad Seeds или Aphex Twin, овој фестивал станува се подобар од година во година.

Целосната програма треба да биде објавена, но првите имиња што се објавени се доволни за да почнете да размислувате да го посетите овој настан.

Британското електро дуо Disclosure и неизмерната Пи Џеј Харви ќе ги красат бините, како и Фатумата Диавара и нејзиниот сензуален малезиски поп, извонредните Slowdive, панкерите од соништата Mannequin Pussy, француските рокери La Femme…

Обединето Кралство – Glastonbury
(26–30 јули 2024)

За оние кои не знаат, Гластонбери е еден од најстарите музички фестивали од неговото прво издание во 1973 година. Со капацитет од над 200.000 луѓе, фестивалот е седмиот град  по големина на југот на Англија во периодот додека трае. Музичката и уметничката екстраваганција на овој фестивал комбинира музички дела со циркуски изведувачи, комичари, филмски проекции, едукативни разговори, грижа за ментална и физичка благосостојба и работилници за да создаде атмосфера која ќе се разликува од било кој друг фестивал.

Официјалната листа со изведувачи за фестивалот во 2024 година допрва треба да се објави, но како и секогаш ќе биде врвна. Најверојатно меѓу изведувачите ќе се најдат Мадона, Дуа Липа и Колдплеј, а организаторката Емили Ивис вети најмалку две женски хедлајнери, откако минатата година во прв план беа Arctic Monkeys, Guns N’ Roses и Elton John.

Ирска– Longitude
(29–30 јуни 2024)

Longitude фестивалот се одржува од 2013 година и со текот на годините стана доста популарен меѓу љубителите на хип-хопот. Дводневниот фестивал ќе се одржи на 29-30 јуни и допрва треба да се објави целосната листа на изведувачи ,но во најавите веќе се појавуваат некои имиња: Калвин Харис, Тревис Скот и A$AP Rocky.

Белгија – Rock Werchter
(4-7 јули 2024)

Ако постои еден фестивал што апсолутно не смеете да го пропуштите во Белгија оваа година, тоа е Rock Werchter.

Музичка екстраваганција, која се одржува во пријатно село во близина на Лувен уште од 1976 година, Rock Werchter се издвојува не само како еден од најголемите фестивали во Белгија, туку и како еден од најпопуларните на европската фестивалска сцена.

Четиридневната агенда за оваа година е навистина спектакуларна. Четврток и петок ја започнуваат забавата со хедлајнери како Лени Кравиц, победниците на Евровизија – Манескин, Сноу Патрол и  Пи Џеј Харви.

Сабота е резервирана за диско-поп принцезата, Дуа Липа, како и Хруангбин, добитникот на наградата Меркјури Арло Паркс и Аврил Лавињ.

Србија – EXIT Festival
(10–14 јули 2024)

Ако размислувате да присуствувате на фестивал во Србија оваа година, тоа мора да е EXIT – балкански рај за сите нешта драменбејс, техно и хип-хоп.

Како што се зголемуваат очекувањата за претстојното издание во 2024 година, EXIT претстави импресивна програма во која се појавуваат познати имиња како што се Black Eyed Peas, виртуозниот гитарист на Rage Against the Machine Том Морело, трап легендата Гучи Мане, англискиот диџеј Карл Кокс, и -ДЈ Бонобо.

Сместен во неверојатната Петроварадинска тврдина со поглед на Нови Сад, , фестивалот низ годините достигнува голема популарност. Уметнички го користи уникатниот простор, создавајќи различни визуелни позадини за многубројните бини.

Португалија – NOS Alive Lisbon
(11-13 јули 2024)

Со мотото „плажа преку ден, музика навечер“, Lisbon’s NOS Alive ветува музика и артисти кои ќе ве држат будни до раните утрински часови.

Британско-албанската поп принцеза Дуа Липа ќе има свој настап а ќе и се придружи и британската поп-икона Џеси Вер.

Germany – Parookaville
(19-21 јули 2024)

Покрај Tomorrowland, Parookaville е фестивал за љубителите на електро денс музиката, кој се одржува  во посебно креиран град на аеродромот Weeze и трае 3 дена.

Откако започна во 2015 година, Parookaville веќе се прослави како еден од најголемите германски фестивали со 225.000 луѓе кои присуствуваа во 2023 година и повеќе од 300 диџеи кои настапуваа на десет сцени.

Листата на изведувачи оваа година содржи цела низа на неверојатни диџејски сетови, вклучувајќи ги Армин ван Бурен, Тими Трубет, Андромедик, Ниликс, В&В, Кристоф, Маријана БО, Кун, МАРТЕН ХЕРГЕР и многу повеќе.

Унгарија – Sziget Festival
(7-12 август 2024)

Еден од најголемите фестивали во Европа, Сигет овој август повторно ќе го трансформира островот Обуда во еуфорично бегство за шест дена.

Листата на изведувачи за 2024 година содржи возбудливи хедлајнери меѓу кои : Сем Смит, Стормзи и Мартин Гарикс, Луис Томлинсон, Фур Тет, АУРОРА, Фонтејнс Д.Ц., Беки Хил и многу други.

Минатата година настанот го посетија околу 420.000 луѓе од целиот свет, а оваа година несомнено бројката ќе биде уште поголема – а доживувањето уште подобро.

France – Rock en Seine
(22–25 август 2024)

Франција има многу да понуди кога станува збор за музички фестивали. Од Hellfest до Vieilles Charrues, Jazz a Vienne, Beauregard, до Eurockéennes, има по нешто за секого.

Рок ен Сена е еден од најголемите датуми на францускиот музички летен календар и европски фестивал кој не се пропушта. Четиридневниот фестивал на рок музика се одржува во Domaine National de Saint-Cloud, западно од Париз.

Сеуште не се откриени сите имиња на артистите кои ќе настапуваат но со оглед на незаборавното минатогодишно 20-то издание, сигурно и во 2024 година нема да се разочарате. Главните домаќини  оваа година ќе бидат LCD Soundsystem, The Smile, Massive Attack, PJ Harvey, Róisín Murphy, The Hives, Olivia Dean и Lana Del Rey.

Извор: Forget Coachella: Here are the unmissable 2024 European music festivals | Euronews

- Реклама -