Спознавање го објавува своето трето културно списание

Иницијативата Спознавање го објавува своето трето културно списание во сабота (27.01) во Лабораториум со почеток од 19:00 часот. Новото издание има интервјуа со музичари од Балканот како Свемирко, но сепак го задржува фокусот на македонските музичари како Искра, Кем и други.

На самиот настан ќе има изложби од Мила Добревска, Јана Танчевска и Марта Патлиџанковска, iнсталација од Партизан Принт, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Иво Велчевски и базар со дела на Лени Гелева, Моки, Урбанера и други.

Во текот на настанот ќе имате можност да видите изложба од најчитаните интервјуа на првиот и вториот број на Спознавање, самите фотографии од интервјуата, но и повеќе да се поврзете со мотивот зад идејата. Со ова се дава директна поддршка кон независната сцена, се запознавате со мотивите на уметниците зад нивните дела и може да набавите нешто локално и уникатно.

Првото и второто издание на Спознавање беа издадени на 20.05.2023 и 23.09.2023 каде имаше интервјуа со македонски и српски музичари. Како најистакнати интервјуа беа со Констракта, Дина Јашари, Фанк Шуи и други. Додека на веб сајтот веќе има активна заедница која од срце придонесува кон културната сцена, опфаќајќи културни настани и колумни.

Зад изработка на списанието е екипата на Спознавање: Графички уредник – Анамарија Мишачковска, Главен уредник – Дарко Беровски, Фотографии – Емилија Трајковска, Иво Велчевски и Никола Јовановиќ и Колумнисти – Ангела Петкова, Бисера Ѓуровска и Светла Јакшиќ.

- Реклама -