Денес навршува точно една година по протестниот концерт „Сите ЗаМКЦ“ со кој музичката и културната скопска сцена го изрази својот револт од разрешувањето на ВД директорот на МКЦ, Ванчо Богоев, затоа што не подлегнал на притисоците на тогашниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.
Денес, доаѓаат информации дека Арбен Шаќири е именуван за директор на Младинскиот културен центар. Да се потсетиме дека ова е негов втор обид да ја преземе раководната функција во МКЦ. Првиот пат, тогашниот градоначалник Петре Шилегов по бурните реакции на јавноста го повлече предлогот за негово именување за директор.
Сепак, по два организирани протести со заеднички именител „Не го чепкајте МКЦ“, Арбен Шаќири денес влегува во Центарот како директор. Гласот на граѓаните кои гравитираат околу МКЦ, овој пат не беше доволен.
Ве оставаме со звуците на Лакримоза од Реквиемот на Моцарт.