„Силата ЕУ младите“ започнува со концерт на Црно Собрание

Премиерниот настан со кој започнуваат активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ ќе се одржи во петок – 26.01.2024 – во Лабораториум со концерт на ЦРНО СОБРАНИЕ.

Бендот „Црно собрание” е формиран во скопската гимназија „Никола Карев” во склоп на проектната активност (училишни бендови). Првиот настап го одржуваат во 2022 година на средношколскиот фестивал „три дена култура” во гимназијата Карев. Други позначајни концертни настапи во земјава имаат во резиденцијата на Претседателот на Р.С. Македонија, на Денот на Европа (настан организиран од Europe House Skopje), на Денот на македонскиот јазик (настан организиран од Министерство за култура). Во 2023 година настапуваат во Белград, во „Дом Омладине“ на регионалната смотра на средношколски бендови „БГ Инвазија”.

Иако жанровски не се определува, бендот најлесно се опишува со „алтернативен рок” свирејќи голем обем на различни стилови. Значењето на името е доста субјективно, но за бендот претставува оспорување на зададените норми.

- Реклама -