Ново поскапување на горивата – 360 степени

Според одлуката на РКЕ, цените на бензините и дизелот од ноќеска се зголемуваат за еден и пол денар за литар

Од ноќеска на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден и пол денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 78 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 80 денари, а цената на дизелот ќе изнесува 75 денари за литар.

За еден денар од ноќеска на полноќ се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 74,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот, пак, ќе изнесува 41,732 денари за килограм.

- Реклама -