Зад хитот „Тамара“ на Борис Новковиќ се крие тажна љубовна приказна

Песната „Каде одат изгубените девојки (Тамара)“, снимена од Борис Новковиќ во 1986 година, е еден од неговите најголеми хитови и една од најубавите балади од овие простори.

Малкумина знаат дека зад оваа љубовна песна, која е напишана кога Новковиќ имал само 17 години, всушност се крие тажна љубовна приказна. Иако многумина мислат дека во песната случајно се појавило името Тамара, вистината е поинаква.

Тамара навистина постоела, пишува Метрополитен. Која е Тамара? Пејачот на почетокот на кариерата имал големи проблеми, бидејќи сите текстови на песните ги пишувал на англиски. Поканил пријател да му помогне да ги преведе стиховите за неговите композиции. Овој пријател бил лудо вљубен во една Тамара, но љубовта никогаш не била возвратена. „Пријателот беше навистина луд по една Тамара. Тој направи се за неа, но на крајот ништо не му помогна“, откри Новковиќ пред извесно време. Така настана песната „Каде одат изгубените девојки (Тамара)“. Според пејачот, вистинската Тамара се препознала во песната, а набргу по нејзиното објавување ја слушнал нејзината порака на телефонската секретарка во која таа му се заблагодарува што ѝ ја посветил песната.

Тој додаде дека се уште се во контакт. Тој знае каде е сега Тамара, и дека има три деца. Новковиќ изјави и дека никогаш не му здосадило да ја изведува песната „Каде се изгубените девојки (Тамара)“, бидејќи мисли дека е магична. Оваа композиција стана негов препознатлив хит, младите ја пеат и денес, иако некои не се ни родени кога излезе песната.

Извор: BUKA Magazin – Iza hita „Tamara“ Borisa Novkovića krije se tužna ljubavna priča (6yka.com)

- Реклама -