Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека актуелните настани на Блискиот Исток укажуваат дека тримесечната војна во Газа „се движи кон нешто пошироко“.
– Она што се случи во Црвеното Море, Сирија и Ирак навестува дека спиралата на војната во Газа постепено ќе се претвори во постојано растечки вител, рече Фидан на прес-конференција во Акара по средбата со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.
Фидан го повтори ставот на Турција по ова прашање – дека не може да има траен мир во регионот без еднаква безбедност и суверенитет на Палестинците, јавува Анадолија.
Најмалку 24.285 Палестинци се убиени во Газа во бомбардирање и копнена офанзива од страна на Израел започната по нападот на Хамас на југот на земјата во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили.