На изборот за претседатели во Виш Управен суд и Основните судови во Берово, Делчево и Крушево нема пријавени кандидати за претседатели на судови, а судскиот Совет денеска донесе одлука за нов избор.
При разгледување на извештај на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели во Основен суд Кавадарци и Основен суд Струга, пак, беше одлучено постапката да продолжи за единствените пријавени кандидати, Лазар Нанев, односно Вулнет Винца, кои доставиле уредна документација.
На денешната 472 седница Советот утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија за судијката Снежана Георгиевска Зекирија, судија на Врховен суд, и одлучи времено да ја упати судијката Теодора Ефтимовска Бојковска од Основен суд Гостивар во Основен суд Тетово на една година.
Барање за мирување на судиска функција, бидејќи е избрана за вршење на друга функција, односно член на Државна комисија за спречување на корупција, на судијката Софија Спасова Медарска од Основен граѓански суд Скопје не беше уважено.
Судскиот совет денеска повлече повеќе точки помеѓу кои записникот од 463-та седница кој и анализата за потребните судиски места во Управниот суд и основните судови на апелационите подрачја во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, како и одлуката на Управен суд за судијата Зоран Теофиловски.