Кампања во Гостивар: Безбедно празнување во секој дом и одговорно учество во сообраќајот

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција и од гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај денеска (8 јануари) спроведоа повеќе превентивни активности во Гостивар.

Под мотото и во рамките на кампањата ” Среќни, весели и безбедни празници во секој дом-вози одговорно, патувај безбедно” на поголем број возачи им се делеа летоци со информативна содржина, совети и препораки, наменски изработени за таа цел на македонски и албански јазик.

„Покрај тоа, во непосредни разговори, возачите се потсетуваа на нивните законски обврски како учесници во сообраќајот и на предвидените санкции за непочитување на истите. Возачите, исто така, беа конкретно запознати и со тоа – како да празнуваат безбедно и притоа да се воздржат од консумирање алкохол доколку возат и од употреба на оружје на празнични, свадбени или други семејни свечености во овој период, но и воопшто.“, извести портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Полициските службеници на возачите уште еднаш им укажаа на обврската за задолжително носење на зимска опрема, како и на потребата да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно и безусловно да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи.

Извор

- Реклама -