Во Осло главниот град на Норвешка, изминатата ноќ темпетратурата се спушти под минус 30 степени, што е историски минумум отакако се вршат метереолошки мерења.
Минус 31,1 степени Целзиусови се забележани во Бјорнхолт во северниот дел на главниот град, соопшти Норвешкиот метеоролошки институт. Минусниот рекорд е регистриран ноќеска меѓу 3 и 4 часот по локално време на шумска метеоролошка станица, каде што највисоката температура во последните 24 часа била минус 21,9 степени.
Во центарот на Осло во текот на ноќта се измерени минус 21,5 степени.
Северна Европа веќе неколку дена е зафатена од студ и ниски температури. Рекордни минус 43,6 степени Целзиусови во средата беа измерени на северот на Шведска, што е најниска температура забележана таму во последните 25 години.
МИА