Францускиот синџир супермаркети „Карфур“ им порача на клиентите дека повеќе нема да ги продава производите на американскиот прехранбен гигант „ПепсиКо“, како што се газираните пијалоци „Пепси“ и „7ап“ и чипсовите „Лејс“, бидејќи тие станаа премногу скапи, јавија француските медиуми.
– „Карфур“ од денеска поставува натпис на полиците на производите на „ПепсиКо“ во продавниците во Франција: „Веќе нема да го продаваме овој бренд поради неприфатливо зголемување на цената“, изјави портпаролот на француската компанија.
Знаците ќе бидат поставени само во продавниците на Карфур во Франција.