4 крајно нереалистични филмски заплети кои се случија и во вистинскиот живот

Бегство од Шошенк Не попусто постои изреката – како на филм. Најголемиот број филмски заплети се толку истенчени што шансите да се случат во вистинскиот живот се астрономски мали. Но, понекогаш дури и најнереалистичните приказни знаат да се остварат во реалноста. Само затоа што уметноста го имитира животот, не значи дека и животот не може да ја имитира уметноста.


Не попусто постои изреката – како на филм. Најголемиот број филмски
заплети се толку истенчени што шансите да се случат во вистинскиот
живот се астрономски мали. Но, понекогаш дури и најнереалистичните
приказни знаат да се остварат во реалноста. Само затоа што уметноста го
имитира животот, не значи дека и животот не може да ја имитира
уметноста.

„Бегство од Шошенк“4. „Бегство од Шошенк“

Ова е филм со Тим Робинс и Морган Фриман во главните улоги. Во него се раскажува приказната за Енди Дуфрејн, погрешно осуден човек кој времето во затвор го минува пополнувајќи ги формуларите за данок на чуварите и управникот од една страна и во постојано силување од друга. Единствена утеха за сето време му е фактот што сите случувања бидуваат раскажани од смирувачкиот глас на Фриман. Една вечер, Дуфрејн заминува во ќелијата носејќи со себе јаже. Нараторот е загрижен оти ќе следи самоубиство, но кога следното утро управникот и стражарите влегуваат во тесната ќелија, затвореникот го нема. Го распретуваат клаустрофобичниот простор и случајно откриваат една огромна дупка зад постерот на ѕидот. Со тоа, Енди Дуфрејн стана очигледна метафора за човечкиот дух.

Вистинскиот настан:
На 15 декември 2007 година, ќелиите во Општинскиот затвор во Њу Џерзи кои им припаѓале на Отис Блант и Хозе Еспиноза биле отворени за рутинска инспекција. Во нив бил откриен сериозен недостаток на затвореници. Двајцата не биле каде што биле заклучени претходната вечер. Во креветите имало завиткани крпи под ќебињата, а на ѕидовите постери. Зад постерите дупки што неколку недели ги копале со парчиња жица. Дупките воделе до ходник, а оттаму имало дупка и на надворешниот ѕид. Двајцата затвореници избегале. Едниот од нив (како и во секое бегство од затвор) се упатил кон Мексико Сити, додека другиот решил да чека во еден подрум во непосредна близина (како што би направил секој идиот). Генијалецот кој дремел во подрумот бил фатен по еден месец, а соучесникот веќе следниот ден, на некоја плажа во Мексико. Им било судено за бегство од трет степен. Она што е најсмешно е дека на судењето тие се изјасниле за невини. Веројатно случајот на обвинителството изгледал вака: „Ова е Хозе Еспиноза во Мексико Сити. Ова е ќелијата на Еспиноза која е празна. Обвинителството го завршува излагањето!“

„Три кралеви“3. „Три кралеви“

Во филмот играат Ајс Кјуб, Марк Волберг и Џорџ Клуни, во времето пред да станат висококомерцијални филмски ѕвезди. И иако филмот не ја доби популраноста која реално ја заслужува, сепак ретко кој може да го побие фактот дека се работи за еден од најдобрите воени филмови во последните 15 години.

Во „Три кралеви“ се раскажува приказната за американските војници кои случајно наоѓаат мапа од скриено злато во Кувајт и уморни од операцијата „Пустинска бура“ решаваат да го следат својот инстинкт и тргнуваат на сопствена мисија со крајна цел – богатење. Приказната во никој случај не може да се окарактеризира како пророчка зашто сценариот било напишано во само 7 дена, а војната во Ирак беше завршена кога филмот излезе во 1999 година. Кои беа шансите да се случи уште една војна на истото место со истите учесници?

Вистинскиот настан:
Во 2003 се случи втора инвазија на Ирак. Овојпат, Американците лесно го зазедоа Багдад. Третата пешадиска дивизија налетала на бункер во кој имало еден куп метални сандаци. Во секој од нив по 4 милиони долари во кеш. Вкупната сума пронајдена била околу 320 милиони. Но, ако очекувавте војниците да започнат да крадат во група, тогаш сте погрешиле. Офицерот на должност ги пријавил парите во командата и оставил стража да ги чува додека дојдат и да ги подигнат.

Но затоа, тројца војници заминале низ Багдад во потрага по слични бункери. Уште истиот ден нашле еден во кој имало околу 200 милиони долари. Мет Новак, Ерик Вилсон и Џамал Мен зеле со себе банкноти колку што можат да носат, а остатокот, заедно со сандаците ги извадиле и ги скриле крај една палма, со намера да ги однесат штом ќе падне ноќта. Дупката во планот им била огромна. Големо купче метални сандаци крај палма не е некоја добра камуфлажа. Првата патрола која минала оттаму ги забележала парите, а подоцна тие биле уапсени и предадени на воен суд.

„Викенд кај Барни“2. „Викенд кај Барни“

Во овој филм, двајца пријатели го влечкаат својот мртов шеф наоколу во обид да ги убедат сите дека не е умрен. Иако не е меѓу најдобрите комедии, сепак најде своја широка публика, најчесто меѓу детинестите луѓе, адолесцентите, оние што користат психитропни супстанци и њујорчаните што сакаат да заработат некоја пара од нивните мртви пријатели.

Вистинскиот настан:
Во јануари 2008 година, Дејвид Далоја и Џејмс О’Хер беа обвинети за непрописен закоп, злосторство што ригорозно се казнува во Америка. Тие биле фатени како го влечкаат нивниот мртов пријател, Вирџилио Синтрон, со намера да го кешираат чекот за пензија кој тој не успеал да го смени пред смртта. Пред судот тврделе дека не знаеле дека пријателот е умрен кога му помагале, иако полицаецот кој ги уапсил јасно изјавил дека лешот веќе почнувал да шири неподнослива миризба. Поротата не ги осудила двајцата ентузијасти, најверојатно зашто си ги замислувала како оние двајца пријатели од филмот „Викенд кај Барни“ што несомнено ги натерало да се сожалат.

„Жештина“1. „Жештина“
 
„Жештина“ е филм за грабеж во кој играат Ал Пачино и Роберт де Ниро во времето кога и двајцата беа активни во актерството (1995). Де Ниро е гангстер кој сета агресија ја потиснува во себе, не верува никому, не се грижи за никој и внимателно ги планира грабежите на оклопните возила за пренос на пари. Пачино е полицаец кој ја предводи елитната единица собрана со една единствена цел – да ги спречи операциите на Де Ниро. Филмот кулминира во жестока престрелка на прометна улица среде градот помеѓу добро вооружените гангстери и полицијата.

Вистинскиот настан:
Во текот на 1995 и 1996, Емил Матасареану и Лери Јуџин Филипс Јуниор ограбиле оклопно возило за пренос на пари и две банки во Калифорнија. Алчноста ги натерала да се обидат и со трета банка. Но, третиот пат бил далеку од среќен за двајцата. Обидувајќи се да ја ограбат филијалата на „Банката на Америка“ во Холивуд, се нашле себеси среде една од најжестоките престрелки во поновата американска историја.

Ограбувачите биле забележани од патролна кола кога влегувале во банката. Полицаецот се посомневал дека можеби се ограбувачи според неколкуте пушки и пиштоли кои ги носеле со себе. Ја известил централата и сите расположливи сили веднаш биле пратени на местото на настанот.

Откако излегле од банката со преку 300 илјади долари на себе, криминалците се соочиле со море од полицајци кои веќе ја имале опколено банката. Започнала престрелка. Куршумите од пиштолите и сачмарките на полицајците не можеле да го пробијат оклопот што го носеле двајцата амбициозни ограбувачи, па без да се сокријат стоеле и пукале со противоклопни куршуми кон полицајците. 17 луѓе биле повредени во пукотницата. Но, потоа дошле специјалците.

Откако истрпел 11 куршуми, Филипс се застрелал себеси во главата. Неговиот колега со далеку почудно име издржал подолго, но откако го примил и 27-от куршум, се предал. Умрел на патот кон болница.

2 лекции можат да се научат од оваа случка. Прво, полицијата треба да има посилно оружје и второ – ако планирате кариера на ограбувач, откако успешно ќе суредите оклопно возило за пренос на пари и две банки, пензионирајте се. Третата банка е предизвикување на среќата!

- Реклама -