Вчера (2 јануари), на територијата на Гостивар, во СВР Тетово полицијата евидентира три одделни инциденти со физички напад и пресметки.
Околу 12 часот и 10 минути на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Ј.Н.(26) и А.П.(59) од Гостивар кои меѓусебно физички се пресметувале поради недоразбирања во сообраќајот.
Во друг дел на градот, дваесет и двегодишниот гостиварец Б.Д., во 16 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 4 часот во угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар физички бил нападнат од З.Ѓ..
Додека во трет случај, вчера (2 јануари) во 17 часот и 15 минути М.С.Б.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавила дека околу 14 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, таа и нејзината ќерка Ф.Б.(18), по претходна вербална расправија, физички биле нападнати од едно женско лице.
Полицијата извести дека се расчистуваат и документираат случаите.