Виенскиот филхармониски новогодишен концерт ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Златната сала на Музикфераин во Виена. Концертот ќе го води маестро Кристијан Тилеман. Овој диригент го диригираше и концертот на дочекот на 2019 година. Новогодишниот концерт ќе биде прикажан во повеќе од 90 земји, а ќе го гледаат повеќе од милион телевизиски гледачи низ цел свет.
Од сезоната 2012/2013 Кристијан Тилеман е главен диригент на Стаатскапеле Дрезден. По ангажманите во Германската опера Берлин, во Гелзенкирхен, Карлсруе, Хановер и Дизелдорф, во 1988 година се преселил во Нирнберг за да ја заземе функцијата генерален музички директор. Во 1997 година се вратил во својот роден град Берлин за да ја води Германската опера до 2004 година, кога станал музички директор на Минхенската филхармонија, функција што ја извршувал до 2011 година. Покрај неговата сегашна позиција во Дрезден, Тилеман бил и уметнички директор на Велигденскиот фестивал во Салцбург, каде што Staatskapelle служеше како резидентен оркестар, од 2013-22. Во септември 2023 година, Кристијан Тилеман беше назначен да го наследи Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Staatsoper Unter den Linden почнувајќи од сезоната 2024/25.
Радецкиот марш на Јохан Штраус, опус 228, прв пат беше изведен на 1 јануари 1946 година. Јозеф Крипс беше диригент и според архивите од Виенската филхармиха, маршот беше изведен пред „На убавиот син Дунав“.
фото: Волф-Дитер Грабнер