Велат, секој почеток е нова надеж, а со Новата година во Јапонија со векови доаѓа и Какизоме. Какизоме е традиционален јапонски новогодишен обичај што се одржува во Јапонија на првиот ден од новата година и така со векови.
Зборовите „какизоме (書初)“, ако буквално ги преведете би значеле: „прво пишување“, а спорер јапонската култура тоа е термин за првата калиграфија напишана на почетокот на годината. Обично содржи новогодишни резолуции или добри желби.
„Начинот на кој ја давате експресијата е важен, а не дали држите четка или меч“, вака ја започна Иванчо Горјанин својата приказна за поврзаноста на кендо и шодо на првиот ден од новата календарска година, додека со Тони Зен се подготвуваа за своите канџи.
„Канџито, односно канџи значи симболот. Јас избрав да го направам за оваа година, како за добро бидео, кој што значи: One live time one meeting или еден здив еден момент. Секогаш постои само сега, нема повторување, нема вчера – утре, само сега. И не може работите да се повторат, оние кои ги правиме, никогаш нема да се повторат“, вели Тони Зен кој признава и дека на почетокот бил самоук. Но пота сфатил дека му треба учител кој ќе го научи да го оди патот за тоа како правилно да се црта.
Иванчо Горјанин како практикант на изворните јапонски борбени вештини, филозофија и уметност, заедно со Тони Зен и по толку години, од самите почетоци, по кој знае кој пат ги пренесуваше своите чувства низ пораката преточена во симболи кои си имаат редослед и правец, а бараат и многу дисциплина. Горјанин нè потсети дека најважната битка која ја водиме, најважната битка во која треба да успееме е битката со себе.
„Ќе бидам многу искрен и многу отворен. Од моја пет ипол годишн возраст започнав да практикувам карате, уште во Битола и долго време трагав по една ваква есенција. Со моето доаѓање во ова Доџо таа есенција ја отвори својата порта. Мојот сенсеи, тогашен Кеско сенсеи ги отвори портите на она што денес е силна моја определба да го пратам до крајот на животот“, вели Горјанин.
Фотограф: Ангел Ангеловски
Видео: Рики Пејовски