Во време кога културата е најзначајна тема за државите ширум светот, Министерството за Култура на Република Северна Македонија го припрема теренот за нова ера на воведување на вредностите на инклузивност и збогатување на културното наследство на земјата.
Една од најголемите инцијативи што се подготвуваат во текот на наредната година е измената на Законот за македонскиот јазик. Во соработка со образовните институции, Министерството за Култура цели да го подигне значењето на јазикот и негова правилна употреба. Измените се фокусирани на употребата на јазикот и формирање на Инспекторат како тело кое ќе ја контролира неговата правилна употреба.
„Јазикот е заштитено нематерјално културно наследство“, рече министерката за култура која ги повтори придобивките од носење на овој закон. „Овој закон ја унапредува примената на македонскиот јазик и во него е предвидено задолжителното вработување на лектор во секоја институција, задолжително лекторирање, што ќе биде привлечно и за нови работни места. Друга новина е воведување на работата на Инспекторатот, област во која има одредби кои се усогласени со новиот Кривичен законик. Овој закон ќе овозможи одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование“, посочи министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа на брифингот со новинари, искажа благодарност до медиумите за интересот кој го имаат за темите од областа на културата, со кој го држат вниманието на јавноста и ја прават поблиска до граѓаните.
„Се радувам на видливите резултати во сите дејности, богатството и разноликоста на уметнички содржини, инвестициите во инсфраструктурата, кои во 2024 година ќе бидат уште поатрактивни за граѓаните и за корисниците, ќе продолжат да бидат актуелни и привлечни за 7-та светска сила“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Додека Министерството за Култура активно се вклучува во напорите за воведување на лектори и нови стратегии за унапредување на културата, исто така, се разгледуваат и предлози за промени во законот за културно наследство. Овие промени ќе имаат значаен удел во запазувањето и заштитата на богатото културно наследство на Македонија во иднината.
Во поглед на одржувањето на културното наследство, Министерството за Култура активно работи на враќање на украдените дела на уметност, вклучувајќи ги иконите од манастири и цркви во Македонија. Документите за Универзалната сала, конечно се предадени од Град Скопје на Министерството за Култура. Со тоа се отвораат нови перспективи за културните настани и манифестации што ќе ги формираат културните текови во државата. Планираниот рок за завршување е три години.
Претставувањето на новата Национална Установа за Џез Оркестар и Камерен Оркестар во Битола се едни од главните успеси на Министерството за Култура во годината што мина. Овие институции не само што ќе го збогатат културниот живот на граѓаните, туку и ќе создадат нови платформи за изразување и уживање во музиката.
Во склоп на Националната Опера и Балет, Министерството за Култура предвидува осовременување на просториите што ќе можат да ги користат театрите и институциите од областа на културата, што претставува значителен чекор кон подобрување на културните содржини ширум земјата.
Дополнително, буџетот за културата во однос на минатата година забележа раст и достигна до 4.6 милијарди денари, што е доказ за инвестирањето на државата во културните сектори и нивната важност во формирањето на идентитетот на државата.
Во знак на охрабрување на културните настани во помалите општини и градови, беа завршени неколку капитални проекти за центрите на културата, библиотеките и слично, каде што се забалежа занемареноста и недостигот на инвестиции со години, вклучувајќи ги Делчево, Тетово, и други.
Министерството за Култура продолжува да го почитува и поддржува културното богатство на државата, искажувајќи гордост и почит кон културното наследство и традицијата, додека истовремено го формира и го збогатува со современата уметност и креативноста на новите генерации ставајќи фокус на младите и нивните потреби.