Долга е листата на графити на Бенкси кои „исчезнале“ изминатите години

Графит од Бенкси на кои беа прикажани дронови врз сообраќаен знак „стоп“, кој беше отсранет од бандера во Пекам, јужен Лондон, само неколку часа откако беше нацртан, стана само еден графит во долгата низа негови дела кои беа отстранети изминатите години.

За последниот случај има и апсења, но некои од претходните отстранувања на графитите на Бенкси беа и со негова согласност, со цел продажба, промоција и за добротворни цели.

Livin The Dream/Caution, Los Angeles (2011)

Неколку дела на Бенкси се појавија во рок од неколку недели во Лос Анџелес во февруари 2011 година, додека уметникот, кој беше во трка за Оскар за неговиот документарен филм „Излез низ продавницата за подароци“, започна герилска кампања низ градот.

Едно дело го прикажува Чарли Браун додека подметнува пожар, додека на друго дело е прикажан опиен Мики Маус со спуштени панталони. Делата не поминаа многу добро: графитот од Мики Маус беше отстранет и уништен, додека третиот графит наречен Внимание – кој се наоѓа во источниот ЛА соседството Бојл Хајтс – беше отстранет од ѕидот на кој беше нацртан.

Slave Labour, Wood Green (2013)

Фото: Ersoy Emin/Alamy

Очигледна критика на детскиот труд и дијамантскиот јубилеј во 2012 година, оваа слика на младо момче кое британско знаме се појави на ѕидот на продавницата во Паундленд во Вуд Грин, северен Лондон. Графитот остана повеќе од шест месеци пред да биде отстранет преку ноќ во февруари 2013 година, а потоа повторно да се појави во аукциска куќа во Мајами.

Продажбата беше запрена на барање на лидерите од окружниот совет и вратено во Обединетото кралство, но на крајот беше продадено на аукција во Лондон за 750 илјади функти.

The Whitehouse Rat, Liverpool (2013)

Фото: JOHN S TURNER/GEOGRAPH

Овој џиновски бел стаорец се појави на Вајтхаус, напуштен паб на аголот на улицата Бери и улицата Дјук во Ливерпул во 2004 година. Остана таму, станувајќи локално обележје, сè до 2011 година кога беше отстранет пред зградата на која што беше нацртан се рушеше.

Оттогаш графитот водел интересен живот: прво стана главна атракција во „графити бар“ во Ватерло, а потоа продаден во приватни раце. Неговото моментално место е непознато, но кога последен пат беше на аукција во Холандија – каде што донесе повеќе од 400.000 фунти – се шпекулираше дека е откупен од купувач од Велика Британија.

Mobile Lovers, Bristol (2014)

Фото: Ben Birchall/PA

Графитот нацртан на ѕидот на еден младински клуб претставуваше слика на двајца љубовници прегрнати додека ги проверуваат своите телефони. Тој првично беше отстранет и ставен внатре – каде што посетителите можеа да го видат и да донираат за клубот.

Откако раководството на клубот добило смртни закани, тие го предале графитот на градскиот совет, кој го покажал пред самиот уметник да го преземе реткиот чекор да интервенира и да изјави дека клубот може да го има. Тие веднаш го продадоа и ги искористија приходите за да се осигураат дека институцијата може да продолжи да работи.

Morning Has Broken, Herne Bay (2023)

Фото: Banksy/Instagram/PA

На почетокот на оваа година, уште еден Бенкси се појави на зграда во распаѓање, овој пат во градот Херне Беј во Кент. На него беше прикажано дете кое ги отвора завесите – направени од брановидно железо – од страната на запуштената фарма. Но, делото беше уништено набргу потоа, без сопственикот или компанијата што ја извршуваше работата да знае дека станува збор за Бенкси и потенцијално вреди мало богатство.

„Немавме поим дека тоа е Бенкси. Се почувствував лошо кога сфатив дека тоа е Бенкси – бевме разочарани“, изјави еден од работниците.

Извор: The Guardian

- Реклама -