Администрацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од пет илјади луѓе кои биле вработени на почетокот на оваа година, пред Милеи да ја преземе функцијата.
Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеи, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина.
До крајот на годината се очекува инфлацијата во Аргентина да достигне околу 200 отсто, поради што новиот претседател се обврза да го намали бројот на вработени во јавниот сектор, како и да дозволи приватизација на државните компании со цел да се зголеми извозот и бројот на инвестиции.
-Целта е да го започнеме патот на обновата на нашата земја, да им ја вратиме слободата и автономијата на поединците и да почнеме да ги менуваме регулативите кои го блокираа економскиот раст, рече Милеи.
Минатата година илјадници луѓе протестираа во Буенос Аирес против економската политика што ја најави новоизбраниот претседател.
Милеи победи во вториот круг од претседателските избори на 19 ноември годинава.
МИА