Massive Attack, Young Fathers, Fontaines D.C. објавија музичка плоча и уметнички принт за поддршка на ,,Доктори без граници’’ во Газа

Музичките групи Massive Attack, Young Fathers, Fontaines D.C. се здружија за да создадат музичка плоча и уметнички принт за поддршка на добротворната организација ,,Доктори без граници”.

Со дизајн кој повикува за прекин на огнот,изданието содржи музика од сите тројца гореспоменати изведувачи. Од другата страна на плочата ги пишува сега-виралните зборови трогателно напишани на таблата во болницата Ал Ауда. Овие зборовите се напишани од покојниот доктор – член на организацијата ,,Доктори без граници’’ д-р Махмуд Абу Нуџаила, кој трагично беше убиен во напад неколку недели подоцна на 21-ви ноември.

„Сцените на хорор во Газа,бомбардираните болници и училишта , убиени невини цивили, новинари и лекари во неискажливи бројки беа многу полоши од десет недели страшен политички неуспех“ велат од Massive Attack.
„Ние сме воодушевени од медицинските лица на организацијата ,,Доктори без граници“ кои ги ставаат своите животи во опасност за да им помогнат на невините цивили во Газа. Во солидарност со народот на Палестина“.

Ограниченото издание ќе може да се купи од 22 декември.

100% од средствата ќе бидат донирани на оваа организација а се очекува вкупната сума да биде над 150.000 фунти.

Министерството за здравство на Газа објави дека речиси 20.000 Палестинци биле убиени во копнени и воздушни напади од 7-ми октомври, вклучително и илјадници деца. Речиси два милиони луѓе веќе се раселени од своите домови.

Во ноември, над 4000 музичари потпишаа отворено писмо во кое повикуваат на прекин на огнот во Газа, вклучително и електронски музички уметници и диџеи како Бен НЛО, Коде9, Џамз Супернова, Брајан Ино и други .

- Реклама -