Мал новогодишен Темплум саем – Trn.mk

Во последната недела на декември по четрнаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен Темплум саем. Изминатите 13 години саемот најчесто се одржуваше во ГЕМ клубот (одамна згаснат) и во МКЦ.

Годинава саемот за првпат ќе се одвива во културниот центар Бруталиск, отворен пред точно една година. Бруталиск на некој начин ја продолжува, во еден свој дел, мисијата на културниот центар Точка кој работеше во истиот простор (Илинденска 38А) од 2002 до 2006 година.

Времетраење: 22.12.22. – 28.12.22., од 10 до 20 часот

Локација: Бруталиск, Илинденска 38А, Скопје

Учествуваат: Темплум, Сказнувалка и Гаврош

ПРОГРАМА

петок, 22.12. во 12.00 часот

промоција на книгата Креативниот демон на глупоста од Мирослав Грчев

Разговор: Никола Гелевски со Мирослав Грчев

сабота, 23.12. во 19.00

изложба и промоција на сликовницата Страшило од Славко Јаневски и Наташа Андонова

понеделник, 25.12. во 20.00

„Се бараме во преводот“

Разговор за книжевен превод меѓу Милан Дамјаноски и Филип Димовски, инспириран од книгата „Човекот каков е, секој гледа“ на Мажена Матушак

вторник, 26.12. во 17.30

„Правиме букви“ – детска работилница за фонтови со Небојша Гелевски

вторник, 26.12. во 20.00

доделување на стрип наградата Лифт за 2023 година и промоција на стрип зборникот Лифт #6

среда, 27.12. во 12.00

доделување на наградата за најдобар дебитантски ракопис Новите!

среда, 27.12. во 18.00

промоција на сликовницата Птичји весник од Пандалф Вулкански и Алексеј Костовски

четврток, 28.12. во 17.00

Детска програма (Темплум, Сказнувалка, Гаврош)

четврток, 28.12. во 19.00

промоција на стрип книгата Стрипотерапија од Ана Петровиќ

- Реклама -