Тројца загинати во нелегални трки на автопат во Косово, возачот уапсен

Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката, јави дописникот на МИА  од Приштина.

Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила марка „фолксваген голф“.

На повредените им е пружена лекарска помош, додека осомничениот возач на возилот кое удри во публиката е уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.

Косовските медиуми ги идентификуваа жртвите Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите трејца млади мажи од Ѓаковица. Од истиот град е и возачот кој ја предизвика трагедијата, а кој е идентификуван како Арлинд. С и за кого се вели дека е близок роднина на еден од загинатите.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

МИА

- Реклама -