Најмалку пет загинати при уривање на монтажен лифт од висина од 20 метри во предргадие на Стокхолм

Најмалку пет лица загинаа кога монтажен лифт се урна на градилиште во предградие на Стокхолм, а шведското обвинителство покрена истрага.

„Во прашање е кривично дело што резултира со смрт на работното место, вклучително и дело предизвикување смрт на друго лице“, се вели во соопштението на обвинителството.

Сè уште се работи на идентификација на жртвите, а во тек е техничка истрага на местото на несреќата.

Шведската полиција првично соопшти дека најмалку четири лица се повредени при уривање на лифт од висина од 20 метри.

Полицијата тогаш констатирала дека во тој момент немало сомнеж дека постоела намера да се случи несреќа.

- Реклама -