Меѓународен тим на истражувачи постави нов светски рекорд кога станува збор за пренос на податоци преку еден оптички кабел.
Научниците успеале да пренесат 22,9 Pb/s, т.е. петабити во секунда (22.900 терабити) со комбинирање на различни технологии.
На овој начин беше соборен претходниот рекорд кој изнесуваше 10,66 петабити во секунда, а зад потфатот стојат научници од Јапонија, Холандија и Италија.
Јапонските истражувачи успеаја да создадат кабел каде секое влакно може да пренесува помеѓу 0,3 и 0,7 Pb/s.
Со одредени подобрувања, брзината на пренос на податоци може да достигне 24,7 Pb/s, што е 1.000 пати побрзо од она што моментално се користи со оптичкиот интернет.