Компанијата Meta соопшти дека ќе воведе шифрирање (енкрипција) за личните повици и пораки преку апликацијата Messenger така што никој, па ни Meta, да не може да види што е испратено или речено. Енкрипцијата ќе биде вклучена by default (преселектирана на „вклучено“).
Тоа претставува голема промена во сферата на условите за приватност, налик на другата апликација на Meta за комуникација – WhatsApp.
Шефицата на Messenger, Лоредана Крисан, во објава на блогот на компанијата доадва дека ќе биде потребно неодредено време за да се изврши шифрирање на сите разговори преку Messenger.
Корисниците на Messenger опцијата да изберат дали сакаат заштита на својата комуникација преку тн. шифрирање од корисник до корисник (end-to-end encryption, E2EE), а сега таа ќе биде вклучена по дифолт.
Промената ја потврди и извршниот директор на компанијата – Марк Закерберг. Воедно и му честиташе на тимот за успешно сработената работа.