Ученици во Нови Пазар приведени поради лажни пријави за бомби, родители со прекршочни пријави

Полициски службеници во Нови Пазар идентификувале и затекнале двајца основци на возраст од 12 и 13 години кои, како што се сомнева, претходно испратиле мејлови дека се поставени бомби во основните и средните училишта на подрачјето на Нови Пазар, како и во една продавница, јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата извршила разговор со децата во присуство на нивните родители и го известила Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар и Центарот за социјална работа во овој град.

По налог на Вишото јавно обвинителство Нови Пазар, поднесена е прекршочна пријава против родителите на момчето поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неправилен надзор над детето.

Прочитајте и:  Трет ден по ред училиштата во Чешка и во Словачка добиваат закани за поставени бомби

По дојавите за поставени бомби, сите ученици, вработени и граѓани беа евакуирани, додека полициски службеници извршија увид во објектите и утврдија дека секоја пријава е лажна.

- Реклама -