Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува претставите закажани за денеска и утре поради смртта на девојчето Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
„Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, РСМ НУ Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ‘Кец на десетка’ закажана за 4 ноември и претставата ‘Животот е прекрасен’ со датум на изведба 5 ноември“, соопштија од театарот.
Извор: mkd.mk