Албанските пензионери ќе добијат по 5 илјада леки „празничен бонус“

Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“ во износ од по 5 илјади леки (50 евра).

Според одлуката на владата со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 700 илјади пензионери, за што се предвидени средства во износ од 3,5 милијарди леки.

Министерот за економија Ервин Мете објави дека бонусот ќе биде исплатен во текот на месецов, што е втор по оној исплатен во месец април.

-За индексирање на пензиите во последните три години се издвоени 25 милијарди леки, кои со предвидениот буџет за следната година ќе достигнат 30 милијарди леки, напиша министерот Мете на објава на Фејсбук.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -