Самостојна изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам

Во првата половина на месец декември 2023, Чифте амам ќе стане „МУЗЕЈ НА ДЕТСТВОТО“. Станува збор за самостојна изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. Изложбата ќе се отвори на 5ти декември 2023, во 19 ч. На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими, и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија.

Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и на уметничката сцена, за публиката, ќе биде достапна до 18 декември 2023. Ќахили првпат изложува во Националната Галерија а овој проект е во рамките на билатералната културна размена меѓу Република Северна Македонија и Косово. 

Низ триесетина дела групирани во циклуси, авторот ги води посетителите низ секојдневните случки почнувајќи од најраното детство, преку младоста, па сѐ до зрелите години. Низ елементи на експлицитен израз на доживувањата, тој раскажува за средбите со светските метрополи на уметноста и за седенките со уметниците од регионот, на кои разменувале многу творечки мисли и доживувања.

Делата на Ќахили се многу блиски до палеолитските, магдаленските слики, кои преку линијата и цртежот ни ги доловуваат експресиите од ловот, ни ги претставуваат животните, садовите, оружјето што го користеле тогашните луѓе. Во нив Ќахили преку минатото ја отсликува сегашноста, а нѐ води кон иднината преку својот креативен поглед низ уметничкиот изблик. Во делата преовладува геометризмот, шематизмот, а фигуративната претстава се претопува во симболи и разни знакови од религиските концепции.

Во изложените дела се издвојува фигурата како експресивен модел, вметната на чиста заднина, главно бела, но понекогаши колоритна. Фигурата и аморфното се среќаваат и на сина заднина, која постигнува ефект на уметнички баланс. Низ циклусот слики „Музеј на детството“ Ешреф Ќахили нѐ води низ фудбалските игралишта на играта во која доминира линијата како премер и перфектен привид на селективниот организиран собир.

Во еден од претставените циклуси се прикажани моментите на берење плодови од природата, вклопени на платното во експресионистички манир. Можеби блискиот контакт со творештвото на албанските уметници и колеги Ибрахим Кодра и Омер Калеши, на некој начин, му дале позитивен импулс и му ја поттикнале креативноста цртајќи заедно на парче хартија со Кодра во Италија.

Своите платна Ќахили ги надополнува и со колажи, давајќи ѝ полет на имагинацијата. Така, во циклусот „Незаборавна слика“ ни претставува еден свет на пејзажи со повеќеслојни сегменти од растителниот свет, со вклучени делови од подводниот свет, каде контурата е најважниот детал.

Во своето сликарство Ќахили настојува да ги претстави обичаите на секојдневието во светлината на избраните тонови. Преку прецизниот и јасен цртеж и драматичната тема, го запознаваме времето во кое тој живее и начинот на кој го доживува. Пресекувањето на хоризонталата и вертикалата ја откриваат неговата индивидуалност, збогатена со  рамноправно распоредените бои, кои им додаваат живост на претставените мотиви.

Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

- Реклама -