Томислав Османли во Задар ја доби книжевната награда „Донат“ за животно дело

Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач.

„Донат“ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист, стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание. „Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија ‘Филмот и политичкото’ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја“.

Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Квака“.

Инаку, овие високи признанија се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинар, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (роден 1955), секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво.

Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Донат“ за животно дело на Томислав Османли ја прими секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска. 

Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ.

- Реклама -